Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад. Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето.

Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.