Одржување на урбаната опрема во Карпош

Одржување на урбаната опрема во Карпош во период од 19-23 август 2024 година

 

Општина Карпош продолжува со реновирање, реконструкција и поставување на нови урбани елементи на својата територија. Детското игралиште на бул. „Партизански одреди“  број  107, во урбаната заедница Тафталиџе 1  беше целосно реконстуирано, додека  за  зголемување  на безбедноста на ул. Есперанто во населбата Влае 2, се поставија нови заштитни метални и пластични столпчиња. Во населбата  Карпош 1, во дворот на ООУ „Христијан Тодоровски- Карпош“, на терените  „Сокол“ беа поставени дванаесет корпи за отпадоци, како и нова врата на самото игралиште. Две клупи, претходно оштетени, се санирани на платото во  Карпош 3, каде што и се поправи детски урбан елемент (клацкалка). Во близина на трговскиот маркет „Стокомак“, на бул. „Партизански одреди“ во урбаната заедница Тафталиџе 2, по претходна пријава од граѓани дека е оштетено од несовесни граѓани, беше поправено детското игралиште. Локалната самоуправа, постојано ги сервисира потребите на граѓаните, согласно нејзините законски ингеренции и се грижи за хигиената, хортикултурното уредување, реконструкција и одржување на постојните урбани (детски) игралишта во сите нејзини урбани и месни заедници.