ОДБОЈКАРКИТЕ И КОШАРКАРИТЕ ОД КАРПОШ ГО ОСВОИЈА КУПОТ „СВ. ЃОРЃИ“
- мај 7, 2026
- 0
Кошаркарската училишна селекција од општина Карпош го освои Купот „Св. Ѓорѓи“, совладувајќи ги денеска на гостински терен своите ривали од општина Кисела Вода, со убедлив резулат 35:20. Карпошани во финалето дојдоа до победата со добрата игра во одбраната и и пред се со одличната поставеност во нападот. За најдобар играч на ова натпреварување беше прогласен младиот кошаркар Матеј Керамичиев, од ООУ „Лазо Трповски“. Инаку, оваа спортска училишна манифестација, традиционално ја организира Општина Кисела Вода, по повод одбележување на својот патронен празник Ѓурѓовден.
Во рамки на овој традиционален спортски настан, вчера, училишната одбојкарска селекција од општина Карпош оствари голем успех освојувајчи го првото место откако во финалниот меч триумфираа над своите сопернички од општина Центар.









