ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ И КОРИСТЕЊЕ ДЕФИБРИЛАТОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
- октомври 21, 2026
- 0
Во просториите на Општина Карпош денеска се одржа еднодневна обука за давање прва помош и правилно користење дефибрилатор, наменета за членовите на просторната единица за заштита и спасување при Општината.
Обуката ја спроведоа стручни екипи на Црвениот крст, кои преку теоретски и практични насоки ги обучуваа учесниците за постапување во итни ситуации и навремено реагирање при животозагрозувачки состојби.
Посебен акцент беше ставен на користењето на дефибрилаторот – медицински уред кој при одредени опасни срцеви аритмии и срцев застој овозможува примена на електричен шок со цел да се воспостави нормален срцев ритам.
Обуката е дел од активностите на Одделението за заштита и спасување во Општина Карпош, насочени кон зајакнување на капацитетите, знаењата и подготвеноста за навремено и соодветно постапување во итни ситуации.
Општина Карпош континуирано вложува во превенција, заштита и спасување, преку проекти, активности и обуки со кои се унапредуваат капацитетите и се создава побезбедна средина за сите граѓани.









