ОБРАЗОВНА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО КАРПОШ
- август 30, 2021
- 0
Со одлука на советниците на Советот на Општина Карпош, на денешната седница, четири маркици за згради од државно земјиште во Деталниот урбанистички план З 06, Блок 3 06.09 (делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“), се пренаменија во парковско зеленило- Д1 и во објект за В1 – државни институции (П+6).
Објектот кој е предвиден за државни институции е во висина од 32 мeтри, и истиот ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и обвинители, Заводот за урбанизам, како и за други институции.
Членовите на Советот, дадоа „виза“ и за основање на приватна установа за деца-детска градинка „Џунгла“, на ул. „Париска“, бр 22, во која ќе се организира и остварува згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, која како дејност ќе се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на деца од три до шестгодишна возраст, односно до поаѓање во основно училиште, согласно Законот за заштита на децата.
Преку изгласаната Стратегија и Акциски план за меѓуетничка интеграција во образованието (МИО) и младинското учество на Општина Карпош за Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), ќе се планираат и организираат активности според основните критериуми: оние кои имаат активности, при што се смета за активност која што има за цел интеракција, односно интеграција на етнички/јазично мешани групи, учесници, балансирани групи учесници според етничката припадност, полот и возраста, интеракција помеѓу учесниците на различни етнички/јазички групи (во текот на активноста учениците од едниот наставен јазик/едната етничка група, соработуваат со учениците од другиот наставен јазик/другата етничка група, користење на сите застапени јазици, заемноправен третман на учесниците од сите етнички/јазични групи, постигнување на конкретни заеднички цели со учество на сите застапени етнички заедници.
Одделението за образование при Општина Карпош, ќе биде задолжено за планирање, координирање, организирање, реализација и евалуација на Стратегијата за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) и Акциониот план за меѓуетничка интеграција во образованието (МИО) и истите документи да ги достави до секое општинско основно училиште на територијата на Општина Карпош.
На денешната седица на Советот на Општина Карпош беа усвоени и годишните програми за работа на сите десет општински училишта.