Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (нас. Тафталиџе 1), денеска беше пуштено во употреба реновираното спортско игралиште во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“, спроведен од Младински образовен форум (МОФ).

 

Општина Карпош го поддржа овој проект за обнова на игралиштето, кое сега е функционално и истото ќе може да го користат студентите, за реализација на спортско – рекреативни активности во текот на нивниот престој во студентскиот дом.

 

Обновени се головите, поставени се заштитни мрежи, а спортскиот терен е соодветно обележан. Исто така, комуналните служби на Општината целосно го исчистија овој дел.

 

Локалната самоуправа и понатаму ќе ги поддржува младинските акции и ќе иницира свои активности и политики за подигнување на младинскиот стандард.

 

Со оглед на тоа што Стефан Богоев е најмладиот градоначалник во нашата држава, под негова иницијатива Општина Карпош реализираше низа активности во кои беа вклучени и младите луѓе. Во таа насока, Богоев предложи формирање на Локален младински совет од кој се очекува секојдневно да учествува во изнаоѓање на иновативни решенија за справување со локалните проблеми.