ОБНОВЕНО ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ НА КЕЈОТ ВО КАРПОШ
- септември 19, 2017
- 0
Деновиве Општина Карпош изврши целосна реконструкција на детското игралиште во близина на Скејт паркот покрај кејот на реката „Вардар“. Игралиштето е целосно реконструирано и збогатено со разновидни детски реквизити, а најмалите карпошани ќе можат безбедно да го користат во деновите кои следат.
Општина Карпош повеќе од две години во континуитет реконструира и поправа веќе постоечки детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив.