ОБНОВА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ДЕЛ ОД КОЗЛЕ
- август 4, 2021
- 0
Општина Карпош започна со реконструкција на фекална канализација на крак од улицата Миле Поп Јорданов бр. 14.
Врз основа на барањето на граѓаните од овој дел од Карпош, локалната самоуправа ја реконструира постоечката фекална канализација во должина од 65 метри и врши зголемување на внатрешниот профил на цевки Фи 500. Изведувач на градежните работи е фирмата „Елин-Билд Компани“. Изведбените работи ќе траат околу 15 дена.