Последните лажни вести пласирани од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ  , а преземена од одредени медиуми  дека  Општина Карпош не обезбедила за сите деца со посебни потреби    кои учат во училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа лични/ персонални асистенти  , се тотални измислици и  целосни лаги.

 

Преку  УНДП програмата, локалната самоуправа аплицираше и го доби проектот за обезбедување на  стручни лица – лични асистенти кои ќе работат со децата со посебни потреби. По добивањето на проектот, Општината распиша оглас за пријавување ( објавен на општинската веб страна и дневните весници Коха и Слободен Печат), за аплицирање од  страна на родителите за стручен асистент кои ќе работи со нивните деца. Критериумите за добивање на ваков асистент се состојат од  наод и мислење од Центарот за јавно здравје.

 

По  разгледување на документите, општинските служби утврдија дека сите 37 апликанти ги исполнуваат предвидените критериуми. Програмата  на УНДП   преку која Општина Карпош аплицираше за добивање на вакви лични асистенти обезбеди  20 стручни лица. Преостанатите 17 асистенти се ангажирани за учење на дечињата со издвојување на буџетски средства од локалната самоуправа. До овој момент, нема нови барања за обезбедување на вакви лични асистенти за деца со посебни потреби кои учат во училиштата на територијата на Карпош, а доколку има, ние како Општина ќе излеземе во пресрет и ќе ги обезбедиме.

 

Ги  демантираме, овие подли и злонамерни клевети, со кои се сака да се предизвика реакција од родителите на деца со посебни потреби, сакајќи да се злоупотреби нивната емотивност. Згрозени сме , што токму овие деца се ставаат во контекст на некакви политички пресметки. Општина Карпош секогаш работела, и ќе работи во интерес на сите граѓани, а особено ги приоретизира проблемите со кои се соочуваат граѓаните со посебни потреби, или пак граѓаните во потешка материјална состојба.