Општина Карпош деновиве ја завршува изградбата на целосно нов паркин простор на улицата Варшавска во Тафталиџе 1. Паркингот треба да им го олесни паркирањето и да ослободи нови места за возилата на станарите од неколку нови згради во непосредна близина.

На истата улица Општината инвестираше и во изградба на нови сливници, а се работи и на конечна реализација на тротоарите и на асфалтирање.

Изградбата на овие инфраструктурни објекти се финансирани од буџетот на општина Карпош.