Поставен е нов „лежечки полицаец“ пред ООУ „Јан Амос Коменски“, во Тафталиџе 1. Станува збор за потег каде што секојдневно има зголемена фреквенција на возила и минувачи.

Локалната самоуправа, со почетокот на учебната година, воведе и дополнителни мерки за зголемена безбедност на учениците. Се задолжија лица од административно – техничкиот кадар на училиштата да ги насочуваат децата и да ги застануваат возилата, при доаѓање, пред почетокот на наставата, за одморите и при заминување на учениците.

 

Во тек е поставување на „лежечки полицајци“ и пред училиштата: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Димо Хаџи Димов“, „Војдан Чернодрински“ и „Братство“.

 

Општина Карпош апелира на почитување на поставената сигнализација.

Сите носиме одговорност за безбедноста во сообрааќајот.