НОВ ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЕЦ ПРЕД ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“
- ноември 5, 2019
- 0
Поставен е нов „лежечки полицаец“ пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“, во Влае . Ваква сигнализација, за намалување на брзината на возење ќе се постави и пред основните училишта: „Христијан Тодоровски – Карпош“ и „Војдан Чернодрински“.
Општината продолжува да работи на зголемување на безбедноста пред воспитно – образовните установи.
Во изминатиот период, „лежачки полицајци“ се поставија и пред учиштата: „Јан Амос Коменски“ и „Братство“.
Со почетокот на новата учебна година, во сите десет основни училишта има и задолжени лица кои го регулираат сообраќајот во утринските часови, на одморите и во моментите кога учениците завршуваат со наставата.
Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација.