Општина Карпош издаде нов број од општинскиот магазин Карпош Ин.

Преку месечникот ќе можете да се информирате за актуелните активности и проекти кои се реализирале во Општината во изминатиот период, или се во тек на изведба, но, и да прочитате голем број на статии со едукативна содржина, достигнувања на повеќе граѓани, совети за здравје,  за заштита на животната средина, прашања од областа на архитектурата и сл.

Тема на бројот е поддршката којашто Европската Унија и ја дава на локалната самоуправа во целина. На поблизок начин ќе се запознаете со проектите  кои произлегуваат од соработката која се одвива меѓу Општина Карпош и ЕУ, како и за очекувањата и придобивките кои нашата Општина ќе ги има од членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Исто така, ќе може да прочитате и за:

 

Ø  Стипендии за талентирани ученици и спортисти;

Ø  Почетокот на новата учебна 2018/2019 година;

Ø  Dreadpen – концепт кој ги руши стереотипите;

Ø  Разговор со Тодорка Мафкова, дипломиран архитектМеѓу архитектурата и гушкањето;

Ø  Како да се справиме со лажните вести;

Ø  Енрико и Ла Крем –  вкусот на Карпош;

Ø  Совети за здравје и справување со хипертензија – болест на современото време.

 

Општинскиот магазин Карпош Ин се печати на 100рециклирана хартија, во 20.000 примероци и бесплатно се дистрибуира до домаќинствата во Карпош.

Магазинот е достапен и во електронска форма на www.karpos.gov.mk.