НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА „ЛОВЌЕНСКА 4“
- јули 6, 2022
- 0
Фирмата „Дигитал“ која е задолжена за одржување на уличното осветлување во општина Карпош, денеска постави седум дрвени бандери со лед светилки на ул. „Ловќенска 4“ во населеното место „Шамак“. За оваа интервенција беа употребени и 300 метри електричен кабел, а штедливите светилки се со моќност од 30 вати. Локалната самоуправа ги покри трошоците за поставување на енергетски инсталации со средства кои се планирани за оваа намена, од буџетот на Општина Карпош.