НОВО ЗЕЛЕНИЛО, СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ И ИГРАЛИШТЕ И НА „ИВАН АГОВСКИ“
- јуни 2, 2020
- 0
Карпош 1 ќе добие нов маалски центар. Претстои целосно уредување на зеленилото на улицата „Иван Аговски“ во Карпош 1, меѓу зградите со број 8 и 10. На овој потег, предвидено е да се посади нова трева на површина од 1.300 м2, украсни растенија, како и да се постави систем за наводнување.
Со цел да се создадат услови и за рекреација на најмладите од околните згради, ќе се направи и ново детско игралиште.
Денеска, градоначалникот Стефан Богоев беше на увид на теренот кадешто ќе се гради новиот малски центар, а се очекува изведбените активности да започнат на почетокот на следната недела.
Карпош 1 е една од населбите која е позната по маалскиот соживот и дружба. Токму во таа насока, минатата година, локалната самоуправа го ресетираше и Меморијалниот турнир во мал фудбал „СОКОЛ“, кој е спортски белег на оваа населба.
Со уредувањето на зеленилото меѓу зградите се добиваат нови јавни површини за рекреација на карпошани, се создаваат населби кои одговараат на потребите на сите граѓани.