Општина Карпош постави ново детско игралиште во населбата Тафталиџе, на булеварот “Партизански Одреди” меѓу зградите 107 и 109.

 

Детското игралиште е опремено со нови реквизити за рекреација на најмладите. 

 

Во летниов период, локалната самоуправа целосно обнови и санираше повеќе игралишта во Карпош во различни населби.

 

Целта е да се создадат подобри услови и безбедни зони каде што најмладите ќе може да го минуваат своето слободно време.