Традиционално, по шести пат, основците од  ООУ „Лазо Трповски“, по повод новогодишните празници, денеска во холот на училиштето организираа базар.  Предводени од својот  училишниот педагог Рената Поповска, која со изработката на сопствени резбраски творби, даде свој придонес во збогатувањето на изложените предмети. Учениците, заедно со своите родители, баби и дедовци изработуваа рачни  творби, украсни предмети, домашно приготвена храна.

На оваа манифестација, родители, вработени во основното училиште, наставници, купувааа од приложените предмети и прехранбени производи. Собраните финансиски средства ќе бидат искористени за купување на дидактички материјали, ЛЦД, и други предмети и помагала кои се потребни на училиштето.