По повод 42 роденден на Општина Карпош денес , на улицата Никола Русински

наспроти Сити Мол, во населбата Карпош 3, започна големата еколошка акција во рамки
на која ќе се засадат 200 нови дрвја на територија на Општината, и тоа во неколку урбани
заедници.

-Денес, почнуваме со засадување на 11 големи дрвја – јавори, а во текот на целиот
месец ноември ќе насадиме уште 190 висококвалитени дрвја и 50 украсни растенија-
грмушки од типот на лаванди, изјави градоначалникот на Општина Карпош Стефан
Богоев. Бидејќи концептот за зелен Карпош нема алтернатива, решивме годинава,
наместо прослави, да организираме вакви корисни акции за граѓаните.
Знаеме дека доаѓа период на зголемено загадување, па оттаму решивме да засадиме нови
дрвја кои се природен филтер на воздухот, а со редовно чистење на дивите сметлишта
(т.н. депонии), преку контроли на палењето огнови на отворено, инспекторски и низа други
активности, ќе работиме на зачувување на животната средина во Карпош, истакна
градоначалникот Богоев.
Инаку, на почетокот на пролетта беа засадени 113 високорастечки дрвја, потоа во
акција заедно со Градот Скопје, долж булеварот „8 Септември“, исто така беа поставени
нови садници, а овој пат за зачувување на здравата животна средина се посвети акцијата
за зазеленување во пресрет на Денот на Општината 3 Ноември.