НОВИ 155 ДРВЈА ЗАСАДЕНИ ВО КАРПОШ
- април 23, 2018
- 0
Вкупно 155 висококвалитетни дрвја се засадени во изминатите десет дена во Општина Карпош.
Зелената офанзива денеска продолжи и долж булеварот “8 – ми септември”, со засадување на нови 42 дрвја од страна на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“. Во меѓувреме, во Карпош се засадија 113 дрвја, рамномерно поделени во повеќе населби: Владо Тасевски ( кај Млечен ресторан), во Карпош 1, во Карпош 2 и во Тафталиџе 1.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев изразија подготвеност т.н. „зелена офанзива“ да продолжи и на есен.
Општината го унапредува меѓублоковското зеленило, додека градските власти се фокусирани на разеленување на булеварите и главните улици низ Карпош.
По урбанистичкиот хаос и узурпирањето на голем број на слободни површини, разеленувањето на Карпош и зголемување на зеленениот фонд е една од приоритетните цели на локалната самоуправа.