Целосно се обновени тоалетите во ООУ „Војдан Чернодрински“, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен).

Направена е санација на санитаријата, при што се поставени нови подни и ѕидни плочки, тушови, мијалници, дозери за сапуни, огледала и нови водоводни и канализациони цевки.

 

Овие тоалети не беа обновени од основањето на ова училиште, со што конечно се овозможија подобри хигиенско – санитарни услови.

 

Општина Карпош продолжува да работи на унапредување на условите во основните училишта.

Во изминатиов период се санираше и спортската сала во ООУ „Владо Тасевски“, а се работи и на нови сензорни соби за лица со попреченост во „Вера Циривири – Трена“ и „Лазо Трповски“, како и нови тоалети во „Аврам Писевски“ (Бардовци).