НОВИ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ,ПРОЗОРЦИ, КОЛЕКТОРИ
- април 2, 2021
- 0
Граѓаните на Карпош, кои ќе купат печки на пелети во периодот од почеток на годинава, односно од 1 јануари до 31 мај 2021, можат да поднесат барања до Министерството за економија за субвениции, односно за надоместување на дел од трошоците. Притоа тие ќе добијат поврат на пари до 50%, за оваа 2021год., но не повеќе од 20.000 денари од домаќинство, и до 70%, од вложеното, но не повеќе од 25.000 ден. за лица со пониски примања.
Единствен услов е домаќинствата да не користеле веќе вакви бенефиции од Буџетот на државата. Инаку лица со ниски примања се сметаат оние кои во домаќинството немаат вкупно пригоди повеќе од 30.000 денари, пензионерски семејства со примања до 20.000 денари или семејства од ранливи групи.
Принципот на доделба на субвенции е „прв дојден-прв услужен“.
Под исти услови, со сити проценти, суми и за исти категории граѓани ќе се надоместуваат и дел од трошоците за купени или вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци, ако и тие не користеле досега средства од државниот буџет за таа намена.
Жителите на Карпош, исто така можат да користат поврат на средства врз основа на објавен оглас на Министерствот за економија и доколку купат соларни терминални колекторски системи (колектори, резервоари за топла вода и потрбна инсталација), и тоа до 30% од вложеното до 10.000 денари за 2021 год., и до 70% но не повеќе од 15.000 денари, ако се лица со ниски примања. И тука е услов апликантите за ваков вид субвенции веќе да не користеле буџетски средства за оваа намена. И во овој случај важат критериумите за граѓани со различни износи на примања, поточно повисоки субвенции добиваат домаќинства со ниски примања до 30.000 денари вкупно, или пензионерски до 20.000 денари, како и ранливи потрошувачи, приматели на минимална гарантирана помош, лица во социјален ризик (мајчинство, болест, повреда, попреченост, старост).
За сите подетални услови за аплицирање на паричен надоместок од Министерствот за економија, како и за тоа кои обрасци и документи треба да ги приложат, граѓаните треба да видат во деталниот јавен оглас и на страната на Министерствотo за економија https://economy.gov.mk/