За поквалитетно и целосно одржување на зелените површини, Општина Карпош започна со поставување на системи за наводнување на зеленилото и тревните површини на повеќе локации. Автоматски прскалки за наводнување се поставуваат во средишниот дел на ТЦ „Лептокарија“ (Карпош 3), а ќе се продолжи и на други места во Општината и тоа во :

 

  • Карпош 1, меѓу зградите 8 и 10 на ул. „Иван Аговски“ ;
  • Нерези, во близина на воените кули;
  • Тафталиџе, меѓу зградите на „Московска“ ;
  • Тафталиџе 2, на ул. „Женевска“во близина на новиот сквер.

 

На овој начин значително ќе се подигне квалитетот на зеленилото и ќе се спречи негово сушење, особено во летниот период.

 

Локалната самоуправа продолжува да работи на подигнување на нови зелени површини и одржување на постоечките. Овие зелени маалски паркчиња се значајни за рекреација на граѓаните и за развивање на маалскиот соживот.