Денескаво просториите на Технолошко- Металуршкиот факултет се одржа четириесет и осмата седница на Советот на Општина Карпош.

 

Советниците гласаа по пет предлог точки на предложениот  дневен ред. Истите, го изгласаа предлогот за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош,  за тековната 2016 година. Советот на Општината, исто така ја одобри одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Карпош за 2016 година. По предлог на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, советниците изгласаа одобрување на нови финансиски средства за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во Карпош.