На  42та седница на Советот на Општина Карпош, членовите на Советот ја изгласаа одлуката за давање согласност за потпишување на Договор за реализација на Проектот „Карпош за  еднаквите во училиштата 2020/2021 година“.

 

Станува збор за одлука за потпишување на Договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) и Општина Карпош за имплементација на активности каде УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот „Креирање можности за работа на сите- IV“. Преку одлуката се овозможува ангажирање на образовни и лични асистенти за учениците со попреченост кои ја следат редовната настава во општинските основни училишта во Општина Карпош. Локалната самоуправа ќе кофинансира 20 образовни асистенти во износ од 20% од месечниот надоместок.

 

Советниците ја одобрија и одлуката за примање на донација од  друштвото за трговија „ГРАНАП ГНП  ДООЕЛ-Скопје“- за изградба на крак, дел од фекална канализација пред објект ГП  1.72 преку улица Будимпештанска до   улица Московска. На седницата беше изгласана и одлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од  3-6 година.  

 

Исто така, на оваа седница беше дадена „виза“ на годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ „Братство“, а се усвоија и годишните програми за работа на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош за 2020/2021 година.