НОВИ ЛИЦЕНЦИРАНИ СПАСИТЕЛИ
- мај 27, 2016
- 0
Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски додели лиценци за спасители на отворени води на седуммина припадници на Универзалната единица специјализирана за спасување на вода која е во рамки на Општина Карпош.
Совладувајќи ги техниките и вештините преку обуката која се одржа во Центарот за обука на Црвениот крст во Струга, седуммина спасители се стекнаа со меѓународно признати лиценци, од кои тројца во категоријата постар спасител, додека четворица во категоријата спасител.
Првиот човек на локалната самоуправа им го честиташе успехот на добитниците истакнувајќи дека како лиценцирани спасители, носат огромна одговорност во спасување на човечки животи, и успешно справување со поплави и други природни непогоди.