Во тек е поставување нови висококвалитетни корпи за ситен, џебен отпад на повеќе локации низ Општина Карпош. Корпите се изработени од комбинација на дрво и метал, со модерен дизајн и функционалност, со цел да се унапреди изгледот на јавните површини и да се подобри одржувањето на јавната хигиена. Досега, нови корпи се поставени на следните локации:

Во урбаната заедница „Нерези“, на улицата Козле 8, во близина на детското игралиште;

На плоштадот во Бардовци;

Во дворот на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан).

Активноста ќе продолжи и во наредните денови, во другите урбани и месни заедници, согласно потребите на терен и барањата на граѓаните. Истовремено, ќе се врши замена на оштетените и нефункционални корпи со нови, стандардни корпи за отпадоци.

Општина Карпош континуирано вложува во уредување на јавниот простор, обновување на постојната и поставување нова урбана опрема, со цел создавање почиста, поуредена и попријатна животна средина.