Општина Карпош ќе добие ново „инфраструктурно засилување“. Имено, Градот Скопје во соработка со локалната самоуправа, ја започна изградбата на фекален колектор по бул. Партизански одреди  од раскрсницата со ул. Московска до раскрсницата со бул. 8- ми Септември . По  повод почетокот на работите околу новиот канализационен вод, градоначалникот Јакимовски изјави:

 

–                    Станува збор за исклучително полезна инвестиција, имајќи во предвид дека фекалната канализација која што доаѓа од Нерези,  Тафталиџе 2 и Тафталиџе 1,  практично оди по цевковод со фи – 300,  која е со многу мал промер, и е доволен само за едно индивидуална семејство  кое  се приклучува на фекална канализација, а на е и за ваков голем вод. Ако на ова се надоврзе и приклучувањето на несовесни граѓани кои своите олуци од атмосферскиот одвод ги приклучиле на фекалната канализација,  можете да претпоставите со какви проблеми се соочуваме, кога имаме поројни дождови. Со оваа фекална канализација од фи – 500, практично го разрешуваме проблемот не само на Тафталиџе 1, туку и на Тафталиџе 2 и Нерези. Истовремено, веќе се договоривме со градоначалникот на Град Скопје, да подготвиме проект за ул. Московска, со што ќе го растовариме одводот на цело Тафталиџе, како и  руските згради кои се по должината на ул. Адолф Циборовски, поточно  да го разрешиме и нивниот проблем, кој го имаат со запушување на фекалната канализација. Ние имавме желба  тоа да го разрешиме и досега,  но беше практично невозможно бидејќи главниот вод кој оди по бул. Партизански одреди,  беше со мал пресек,  што значи дека правилата не дозволуваа   со поголема  цевка да одите во помала, туку спротивно, прецизираше првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

 

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, посебно ја нагласи одличната соработка која Градот ја има со Општина Карпош, напоменувајќи  дека и  досега, како и во иднина, заедно со својот колега Јакимовски, заедно ќе ги одредуваат приоритетите на граѓаните на Општина Карпош, како Општина која заедно со Центар и Аеродром, претставува општина со најбрз урбан развој на територијата на Град Скопје.  Трајановски нагласи дека во овој период заедно со градоначалникот Стевчо Јакимовски, ја започнале изградбата на третиот дел од паркот ,,Македонија“ спроти Студентскиот дом ,,Гоце Делчев“ и го започнале проширувањето на ул. Васил Чакаларов почнувајќи од раскрсницата на ул. Московска  и  ул.  Теодосиј Гологанов.

 

–                     Денес го започнуваме  почетокот на градежните работи на нова фекална канализација по Партизански одредипочнувајќи од  бул. 8 – ми  Септемврипа се до ул. Московска.  Должината на оваа фекална канализација е 1246 метри,  профилот на цевката која се вградува е 500 мм,  додека вредноста на оваа инвестиција е 17 милиони денари, средства издвоени од буџетот на Градот Скопје.  Изведувач на градежните работи, согласно тендерската постапка е

„ВАРДАРГРАДБА ДОО СКОПЈЕ“Очекуваме дека градежните работи ќе завршат во рок од три месеци,  и со тоа ќе се овозможи подобрување на условите за живеење на граѓаните кои живеат во овој дел на градотнапомена во својата изјава за медиумите, првиот човек на Град Скопје Коце Трајановски.