НИКОЛА НИКОЛОВСКИ-ШАХОВСКИ АС НА ВИКЕНД ТУРНИРОТ ВО КАРПОШ
- февруари 12, 2023
- 0
Интернационалниот мајстор Никола Николовски е победник на овогодинешното издание на викенд шаховскиот турнир. Тој освои осум поени од девет одиграни партии и го потврди шампионското место. Со ист број поени, но со послаб Бухолц, на второ место се пласираше ВМ Кирил Георгиев.
Третото место го освои Љубомир Данов од Бугарија со 7,5 поени. Во рамки на деветтото издание на викенд шаховскиот турнир градоначалникот Стевчо Јакимовски го додели пехарот на победникот на Викенд турнирот, а Шаховската федерација му врачи благодарница на првиот човек на Општината за успешна соработка и придонес во развојот на македонскиот шах. Беше доделена и постхумна благодарница на Лазо Јанчев, за посебен придонес во развојот на шахот во Република Северна Македонија, а која ја прими неговата сопруга. Имено, парични награди добија и натпреварувачите рангирани од четврто до десетто место: 4. ФМ Уручи Ендрит од Косово 7,5 поени 5. ВМ Петар Дренчев од Бугарија 7 поени 6. ВМ Мирослав Миљковиќ од Србија 7 поени 7. ФМ Андреј Вељаноски 7 поени 8. Драгољуб Јачимовиќ 7 поени 9. ИМ Ндерим Сарачи од Косово 6,5 поени 10. Кораб Сарачи од Косово 6,5 поени. Специјални награди беа доделени на Крастева Белослава од Бугарија со освоени 6,5 поени за „Најдобар женски натпреварувач“, како и на Златков Антон со освоени 6,5 поени за „Најдобар млад натпреварувач во категорија до 18 години“. Кралевски Александар со освоени 6,5 поени е избран за „Најдобар натпреварувач во сениорска конкуренција над 65 години“, Куков Тоде со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 2100 поени“, Жежовска Моника со освоени 6 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 1900 поени“ и Ристески Емил со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач од општина Карпош“.