НЕСТОРОВСКА ДА ОДГОВАРА ЗА ЗАКАНИТЕ КОН КОЛЕГИТЕ
- март 10, 2016
- 0
Згрозени сме од однесувањето на советникот Магдалена Несторовска на денешната седница на Советот на Општина Карпош. Таа го допре дното. Кога ги виде камерите на телевизија „Телма“, на точки од дневен ред кои се исклучиво од интерес на младите на Општина Карпош, таа јавно се закани од говорница како припадник на МВР со закани за апсења. Како советници бевме вчудоневидени од налудничавите зборови на Несторовска, зашто во мементот се зборуваше за изградба на два детски базени во училиштата во Општина Карпош и изградба на спортска сала со 400 гледачи.
Својата безидејност, работење спротивно на интереситре на граѓаните на Општина Карпош и обиди за попречување на работата на Советот на Општина Карпош, ја прикрива со закани од позиција на припадник на МВР.
Инаку, на Несторовска не и е првпат да се заканува на свои колеги советници. Минатата седница се закануваше на колегата Игорче Кузмановски,а денес на функционери на локалната власт.
За ова Советот на Општина Карпош ќе ги извести меѓународните институции во Република Македонија и ќе побара против истата да бидат преземени соодветни законски санкции.