НЕРЕЗИ ГО СЛАВЕШЕ СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН
- август 9, 2017
- 0
Во духот на верата и традицијата, карпошани, претежно од Нерези но и од други населби од Општина Карпош и градот, денес го чествуваа големиот христијански празник Свети Пантелејмон.
Со посен црковен ручек, музика и песна, верниците го чествуваа овој голем празник во дворот на црквата Свети Пантелејмон во средно Нерези.
На црковниот и народен собир им се придружи градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, а годинава беше поканет и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.