НЕПРЕЧЕН УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО КАРПОШ
- мај 12, 2021
- 0
Во сите десет основни училишта во Карпош, уписот на ученици во прво одделение се одвива непречено. Откако родителот/старателот ќе ја достави документацијата, Комисијата за упис на првачиња спроведува интервјуa со децата кои од претстојниот септември ќе бидат првачиња.
Комисијата за упис на ученици е составена од педагог, психолог и еден одделенски наставник.
Согласно податоците од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, во Карпош, оваа година би требало да се запишат околу 778 првачиња.
Сите разговори се спроведуваат во согласност со Протоколот за упис. Училиштата најчесто ги користат еко – училниците на отворено, каде што разговараат со ученикот и вршат проверка на основните вештини.