Не е  точна информацијата дека во Карпош ќе се градат нови 100 згради, која ја пласираше советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во рамки  на денешната седница на Советот на Општината, на која се расправа за Предлог – Буџетот за 2020 година. Јаревски искочи со истите неосновани обвинувања и во октомври 2018 година, за што јавноста е сведок дека се лажни. 

 

Урбаното јадро на Карпош веќе претрпе штета од насилната и агресивна урбанизација која се случи во минатото, затоа пред две години, целосно се промени начинот на развој и урбанизација на Општината.

 

  • Завршено е времето кога ДУП-ови се носеа на сила, а маркици се вцртуваа во интерес на урбаната мафија –рече Богоев.

 

Како што зборувавме и претходно, Општина Карпош ќе продолжи да се развива по периферните делови, кај касарната „Илинден“. Токму за потегот околу касарна „Илинден“, при крајот на минатата година беше донесен и нов ДУП, едногласно од страна на сите советнички групи.

 

Инаку, таксата за уредување на градежно земјиште т.н. „комуналии“ се прибира и од изградба на куќи и деловни објекти, а не единствено од изградба на станбени згради.

 

Изминатиов период сведоци сме на голем број на лажни вести во сферата на урбанистичкото планирање. Ги охрабруваме граѓаните и претставниците на медиумите да ги проверуваат информациите. Општината е достапна за соработка со сите страни.