НЕДЕЛА НА ЗДРАВА ИСХРАНА ВО КАРПОШ
- октомври 3, 2016
- 0
Во пресрет на Меѓународниот ден на храната (16.10.2016), Секторот за дејности од јавен интерес и овластеното лице за контрола и безбедност на храна во градинките и училиштата во Општина Карпош, Ирена Калајџиева- Милевска, огранизираат предавање за здрава исхрана во училиштата во Карпош.
Под мотото „Храна и здравје“ овие предавања ќе бидат наменети за ученици од седмо, осмо и деветто одделение, од сите десет училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Дипломираниот нутриционист Надица Илиевска, на основците од Карпош, ќе им го пренесе своето знаење и важноста од консумирањето на здравата исхрана. Почнувајќи од денес во ООУ „Јан Амос Коменски“ (03.10), па се до крајот на седмицата (07.10), нутриционистката ќе ги едуцира учениците за потребата од внесување на здрави прехранбени производи и состојки, како што се зеленчукот и овошјето, како и исфрлувањето на нездравиот начин на исхрана (хамбургери, прекумерна употреба на слатки, како и консумирање на популарната ,,фаст фуд“ исхрана). Нутриционистката Илиевска ја нагласи и потребата од внес на доволно количество на вода, со кој ќе се постигне потребниот баланс на здраво и квалитетно живеење.