НАЈМАЛИТЕ СЕ ЗБОГУВАА ОД ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“
- јуни 1, 2017
- 0
Со зборовите „Збогум градинке, никогаш нема да те заборавам“, пет годишните карпошани од градинката „Орце Николов“ се простија од своите најубави и најбезгрижни денови поминати со своите другарчиња.
На вчерашната попладневна забава по повод последна претстава, децата од трите градинки „Орце Николов“ се претставија со музичка точка и рецитирање на стихотворби кои разбудија спомени кај дечињата кои своето петгодишно растење и развивање, го поминале со другарчињата од својата градинка.
Директорката, Савка Ковачевска изрази голема благодарност до сите родители кои во изминатите години беа дел и учествуваа во многубројните активности кои се спроведуваа во градинката и воедно им посака успешен почеток на сите првачиња.
Освен музичката програма, во дворот на градинката беа изложени и креативните цртежи на дечињата од трите градинки на тема „Мојата градинка“.