Денеска, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја, во организација на ЈУОГД „Орце Николов“ се одржа детска спортска олимпијада како дел oд проектот„Спорт за сите“. Во таа насока, на фудбалското игралиште „Алумина“ под мотото – „Спортот наша иднина“ се одржа детската олимпијада на која учествуваа околу 200 дечиња од сите градинки од Карпош. По детското дефиле кое изобилуваше со интересна кореографија, се одржа и музички настап со во кој учествуваа децата од градинката „Орце Николов“.

На спортското игралиште во населбата Карпош 3, најмладите карпошани ги покажаа своите таленти во различни видови на игра при што доминираше натправарувачкиот дух.  Во оваа пригода, градинката „Орце Николов“ и додели благодарница на фирмата Хемпромак за нејзиниот придонес во реализација на детската спортска олимпијада. Одговорните лица од детските градинки најавија дека со поддршка на Општина Карпош и во блиска иднина ќе организираат настани од ваков тип, каде ќе ги поттикнувааат младите карпошани да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики.