Дечињата од ЈОУДГ „Орце Николов“ денеска ја посетија општина Карпош, како дел од нивните програмски активности за учење на професии. Во рамки на посетата најпрво се сретнаа со градоначалникот Сотир Лукровски со кого поразговараа за обврските и одговорностите кои ги носи неговата професија. Најмалите карпошани покажаа вистински интерес и детска љубопитност за работењето на општинскиот татко, како и за работата на сите вработени во општината.

Детската обиколка низ општинската администрација заврши во Секторот за односи со јавност и информација на граѓаните каде на соодветен начин им беа презентирани работните задачи на вработените.