НАСТАВНИЧКИ ОД КАРПОШ ДОБИТНИЧКИ НА ПРИЗНАНИЕТО ,,ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК НА ГОДИНАТА 2025/2026
- ноември 19, 2026
- 0
Наставнички од основните училишта ,,Лазо Трповски” , ,,Петар Поп Арсов” и ,,Војдан Чернодрински”, се меѓу добитничките на признанието ,,Просветен работник на годината 2025/2026” кои се одржаа вчеравечер во МНТ. Во организација на Здружението на просветен работник на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им ги додели признанијата, по претходно утврдени критериуми на јавен конкурс на кој можеа да се пријават сите наставници и професори на ниво на главниот град.
Во рамки на манифестацијата, признание за својот придонес во воспитно-образовниот процес доби наставничката по одделенска настава, Надица Митевска од ООУ ,,Војдан Чернодрински”.
Истата вечер, признание и беше доделено и на Даниела Панајотова ,стручен соработник, ментор и педагог од ООУ ,,Петар Поп Арсов”, а плакета за успешно работење и креативност во својата работа, и беше врачена и на наставничката по предметна настава (биологија и хемија) Даниела Радевска од ООУ ,,Лазо Трповски”.
Со овие признанија се докажува успешната и професионална работа во својот домен, и поттик за понатамошно вложување во воспитно-образовниот процес.
На свечената манифестација, покрај плакетите, наставниците добија и компјутери како подарок и признание за нивниот труд и професионален ангажман во образованието.

















