НАСТАВНИЦИ ОД КАРПОШ ОБУЧЕНИ ЗА ПЕДИЈАТРИСКА ПРВА ПОМОШ
- ноември 15, 2018
- 0
Минатиот четврток (08.11. 2018) и денеска, се одржи обука – пилот проект во организација на „Линк Акрос“, со која се обучуваа наставници од основните училишта за педијатриска прва помош. Станува збор за обука на околу 280 наставници и 40 родители од 1-во до 5-тто одделение од скопските општини Карпош и Аеродром, како и Општините Тетово и Гостивар. Обуката ја реализираше искусниот педијатар Др. Ѓорѓи Паскалов.
Целта на оваа обука е да се зголеми капацитетот на наставниците во основните училишта и семејствата при обезбедување на педијатриска прва помош, како и да се подигне јавната свест и знаење во врска со педијатриската прва помош.