Група на граѓани, на насилен и вандалски начин оневозможија одржување на Јавна презентација за Предлог ДУП – от ЈО3 Блок 7, за делот околу Трнодол. Нападнат е службеник на Општина Карпош, а направена е и материјална штета во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“.

 

Група на граѓани, уште на самиот почеток свесно и со намера сакаа да предизвикаат инцидент.

 

Општина Карпош целиот процес го води транспарентно. Токму затоа, го продолжи временскиот рок  на спроведување на Јавната анкета која ќе трае 11 дена, и покрај тоа што законскиот минимум е пет дена.  Во интерес на граѓаните, локалната самоуправа наместо до 15:30, го стави на увид новиот предлог ДУП, секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, каде карпошани преку пополнување на анкетни листови можат да ги дадат и своите сугестии.

Во изминатиот период, службите и градоначалникот Стефан Богоев одржаа средба со засегнатите граѓани, на која се постигна согласност за сите суштински работи. Исто така, постојано се информираа и медиумите за овој Предлог ДУП, а се одржа и брифинг со новинари.

 

Очигледна е намера на одредена група граѓани, од политички или други побуди да прави кризни ситуации во Трнодол.

Локалната самоуправа ќе продолжи со отворениот пристап.

Никој нема да го сопре развојот на Карпош!