Со едночасовно театарско-музичко шоу, вчеравечер, сцената на Карпошовото културно лето блесна во вистинско шаренило, на која младите талентирани актери од Мјузиклот за деца и младицни КРЕО-АКСИС ја изведоа претставата ,, Приказната за генијалната Матилда”.

Најмладата публика, која внимателно го следеше мјузиклот, уживаа во секоја сцена од театарската претстава со насмеани среќни и исполнети детски лица.

На четвртата по ред вечер на јубилејното Карпошово културно лето, свој перформанс имаше и познатиот џез клавијатурист, Кокан Димушевски, кој отсвири дел од својот албум ,,The back of beyond”, кој изобилува со амбиентална и смирувачка музика.

Програмата продолжува в сабота, кога започнува ликовната изложба под наслов ,,Мирисот на летото” во дворот на Кинотеката на Македонија, а истата ќе трае цел викенд, и ќе започне од 10 часот па се до 19 часот. Љубителите на уметничката четка, ќе имаат можност да ги погледнат делата од десет врвни уметници.