Македонската група ..Силви бенд”, која опстои повеќе од 35 години на музичката сцена, уште еднаш докажа дека се меѓу најдобрите домашни изведувачи. Вчеравечер, во рамки на карпошовата културна манифестација, освен неповторливите ,,Силви Бенд”, своја ликовна изложба имаа и Елена Галика и Жане Шумковска.

Љубителите на добрата музика и безвременските хитови на бендот, како и познавачите на извонредните уметнички дела, имаа можност да присуствуваат и да се дружат на уште една летна вечер на јубилејното Карпошово културно лето.

 

               Вечерва, како дел од програмата на традиционланата манифестација, ќе биде изведен Мјузиклот за деца и младинци – ,,Приказната за генијалната Матилда” на КРИО-АКСИС, а веднаш по неа, со смирувачки џез ноти, легендарниот клавијатурист Кокан Димушевски ќе се претстави со неговиот  албум ,, The back of beyond”.