Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера.

Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше заокружен првиот ден од овогодишното „Карпошово културно лето“. Манифестацијата продолжува и во наредните денови со богата и разновидна програма, која ќе понуди бројни културни и уметнички содржини за сите генерации.