МОБИЛНИ ТИМОВИ ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ГРАЃАНИ
- март 26, 2020
- 0
Мобилните тимови на Општина Карпош и Црвениот крст, изминатиов период посетија повеќе од 50 домаќинства и им обезбедија соодветна услуга (набавка на храна, лекови и хигиенски средства), како резултат на состојбата со Covid – 19 (коронавирус).
Им се помага на најранливите групи, стари и изнемоштени лица, семејства со лице со попреченост, хронично болни и граѓани во изолација. Целта е овие граѓани да не излегуваат од своите домови,за да немаат контакт со други луѓе и да се спречи ширење на коронавирусот. Преку повикување на броевите 02/3068-806 и 071-349-230, граѓаните кои се дел од ранливата група, можат да се регистрираат и да ја добијат соодветната услуга. Оваа услуга е бесплатна, а граѓаните единствено плаќаат за продуктите кои сакаат да им се набават. За овој проект, Општина Карпош одвои 50 илјади денари од својот Буџет, со цел да се обезбедат трошоците за волонтери и нивен превоз. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирус.