МЛАДИОТ КОСТАДИНОСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ НА ЖЕЛЕЗНИОТ МОСТ ВО ХРОМ
- јануари 19, 2020
- 0
Денеска се одбележа верскиот празник Богојавление – Водици, на железниот мост во населбата Хром, на границата меѓу Општина Карпош и Ѓорче Петров.
На манифестацијата присуствуваа голем број на граѓани од двете општини, а крстот го фати Бојан Костадиноски, кој е на возраст од 22 години.
На железниот мост присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој заедно со советниците им го честитаа на граѓаните денешниот празник, им посакаа добро здравје, среќа и благостојба.
Општина Карпош традиционално го поддржува одбележувањето на Водици со посебна единица – тим за спасување во водите на Вардар, со цел поголема безбедност на учесниците при фаќањето на крстот, а се одвојуваат и средства од Буџетот за логистичка поддршка на целиот настан.