МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР КАРПОШ – ПРИМЕР ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
- октомври 22, 2026
- 0
Денеска, во Младинскиот центар Карпош, се одржа работна средба меѓу претставници на Општина Карпош и делегација учесници на Регионалниот форум „Локално лидерство – унапредување на Агендата за млади, мир и безбедност на Западен Балкан“.
На средбата беше презентирана работата, условите и активностите на Младинскиот центар Карпош, кој само кратко време по своето отворање веќе побудува интерес и внимание во регионот, како пример за развој на локални младински политики и создавање простор за активно учество на младите.
Форумот е организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Мрежата на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа (НАЛАС), со учество на повеќе од 70 претставници од регионот.
Посетата овозможи размена на искуства и добри практики, запознавање со начинот на функционирање на Центарот, неговите услуги и активности, како и со процесот на неговото формирање и партнерската соработка со граѓанскиот сектор.
Се разговараше и за предизвиците и можностите за унапредување на локалните младински политики, како и за практични решенија и понатамошно зајакнување на соработката меѓу општините и организациите што работат со млади.
Младинскиот центар Карпош продолжува да се развива како простор за младите, но и како пример за успешна локална иницијатива која веќе го привлекува вниманието и надвор од границите на Општината.









