МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ И УРБАНАТА ОПРЕМА ВО КАРПОШ
- март 22, 2020
- 0
Општина Карпош продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, платоата и плоштадите, како и урбаната опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци, вело паркинзи).
Денеска, цистерните ги миеја и дезинфицираа локалните улици во Карпош 1 и Карпош 2, а исто така се користеше и посебно средство за дезинфекција на урбаната опрема.
Дел од овие активности, миењето на улиците стана секојдневна работа на комуналните служби на Општина Карпош, која во изминатиов период се интензивираше и како резултат на спречување на ширење на вирусот Covid – 19 (коронавирус).
Локалната самоуправа деновиве врши и вонредна дезинфекција на училиштата и градинките, a се затворија и детските игралишта и спортско – рекреативни зони во Карпош. Целта е да се спречи присуство на граѓани на овие места и да се намали можноста за ширење на вирусот.
Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус. Да го почитуваат полицискиот час (од 21:00 до 06:00 часот), да не се собираат во групи и да излегуваат, единствено ако имаат итна потреба.
Интензивирани се и контролите од Министерството за внатрешни работи и Армијата, при што се предвидуваат казни за непридржување кон мерките.