Денеска започнаа јубилејните Меѓуопштински спортски игри, во организација на Општина Карпош, со учество на младите спортисти од Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.

 На фудбалскиот терен во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, во полуфиналните натпревари Карпош ја совлада Кисела Вода со 6:1, додека Аеродром беше подобар од Гази Баба со 6:1.
 
Финалето е утре, со почеток во 11:00 часот.
 Возбудливо беше и во спортската сала „Партизан“, каде Аеродром го совлада Карпош со 44:41, а Кисела Вода славеше против Гази Баба со 44:33. И кошаркарското финале ќе се игра утре од 11:00 часот.
 
 Спортски дух, фер-плеј и силна конкуренција – младите покажаа дека иднината на спортот е во сигурни раце!
 
 Ги покануваме сите љубители на спортот да ги проследат утрешните финални натпревари. Влезот е слободен!
50 години Карпош – славиме со спорт, младост и заедништво!