МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО КАРПОШ
- септември 14, 2018
- 0
Дванаесетти пат, Детскиот ликовен центар и Општина Карпош, традиционално организираат Меѓународна ликовна колонија. На падините на планината Водно, во с. Горно Нерези, уметници од земјава и од странство, три дена ќе творат и цртаат.
Оваа година, на ликовната колонија присуствуваат и уметници од збратимените општини на Општина Карпош од соседството и тоа од Тиват, Црна Гора, Триадица-Софија, Бугарија, Травник од Босна и Херцеговина, како Врњачка Бања од Србија.