МЕЃУНАРОДЕН НАСТАП НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“
- април 24, 2026
- 0
Фолклорниот ансамбл при АКУД „Мирче Ацев“, настапува на најценетиот детски фолклорен фестивал посветен на „Денот на детето во Турција“, кој се одбележува на 23 – ти април, секоја година. Овој детски фестивал се одржува од 17-ти до 25-ти април и на него учествуваат триесет и осум реномирани фолклорни ансамбли од повеќе земји во светот.
Главната гала вечер се одржа во претседателската палата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ергодан. На приемот кај градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш, детскиот фолклорен ансамбл при АКУД „Мирче Ацев“, упати срдечни поздрави и честитки од името на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски , за организацијата на овој меѓународно признат и најпрестижен детски фестивал во светот.









