Осмата вечер од „Културното лето Карпош-2017“, со неверојатно
енергичниот настап ја одбележааа младите музички надежи, Мартија, Мина,
Драгана, Благица и Магдалена. Нивниот вокален настап, се чини дека привлече
најмногубројна публика која досега присуствувала на овoгодинешната културна
манифестација. Со одлично осмислена кореографија и беспрекорниот сценски
настап, музичките ѕвездички ги придружуваа младите талентирани танчерки од
групата „Aqua Dance Club“ кои демонстрираа перфектна координација и
синхронизираност во играњето. Тие успеаја да ги дигнат на нозе присутните
љубители на добриот ритам, кои очигледно уживаа во 90 минутниот музичко-
сценски спектакл.  Амбиентот особено се „вжешти“ по изведбата на познатите македонски и
светски музички хитови како што се, „Во коси да ти спијам“, „Despacito“, „Врати ми
го сонцето“, „How deep is your love“, „Vertigo“ и сл. Уште една прекрасна ноќ во
Карпош за паметење, во која младите ѕвездички покажаа дека за успешен музички
продукт не е потребно само искуство, туку и многу љубов, ентузијазам и бескрајна
визија.